X
 23.06.2025 Живот

Ова се земјите со најголем удел на старо население

Поголемиот дел од западниот, индустријализиран свет е загрижен за намалените стапки на наталитет и општеството што старее.

Додека доживувањето 65 години сѐ уште е привилегија во повеќето делови од светот, системите за социјална помош обично се потпираат на растечката работоспособна популација за поддршка на зависните групи (децата и старите).

Кога овој баланс ќе се наруши поради стареењето на населението, земјите се соочуваат со зголемен притисок врз здравствените и пензиските системи и врз економската продуктивност.

На оваа визуализација можете да го видите рангирањето на земјите според уделот на населението постаро од 65 години во вкупното население, заедно со нивниот вкупен број. Бројките се процени за 2025 година.


Фото: Visual Capitalist

Најголем удел на постари лица во вкупното население има Монако - 37 %, а на второто место е Јапонија со 30 %, што значи дека речиси 37 милиони Јапонци се постари од 65 години.

Од регионот, најзагрозена е Грција, која се најде на 9. место и каде што 24,4 % од населението е постаро од 65 години, а уделот на ова население во Хрватска, која е 14. на листата, е 23,6 %. На 17. место се најде Србија, каде што нивниот процент изнесува 23,1 %, а во Босна и Херцеговина, која е на 18. место, 22,9 %. Меѓу земјите со најголем удел на старо население се најдоа и Бугарија, на 22. место, со 22,2 % и Словенија, на 23. место, со исто толкав процент.

Од 36 земји на листата, 28 се во Европа.

Извор: Visual Capitalist
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот