X
 23.07.2019 Живот

Лекции на кои ќе ве научи животот кога ќе останете сами

Никому не му должите објаснување и правдање за вашиот живот.

1. Ништо не се случува случајно

Работите што во вашиот живот изгледаат како случајни се тука за да сфатите дека колку и да планирате, животот секогаш ќе биде нешто што не може да се испланира, бидејќи не можете до крај да ги разберете сите причини и последици што ви се случуваат. Тука се за да сфатите дека не постои еден готов образец и рецепт по кој можете и морате да живеете, бидејќи секоја единка во овој свет е нешто неповторливо во околностите во кои се појавува.

2. Никому не му должите објаснувања и оправдувања за вашиот живот

Никому не му должите објаснување зошто сакате да развивате како личност, зошто барате другите да ве почитуваат, зошто на вашите приоритети им го давате потребното внимание и време, зошто ви е важно какви се луѓето во вашата близина, како и многу други работи. Сето тоа е ваше право и одлука со кој ќе ги поделите вашите најинтимни работи.

3. Не го трошете животот на луѓе кои тоа не го заслужуваат


Не го трошете животот на некои луѓе за кои сфативте дека деновите со нив биле повеќе фикција отколку убави спомени. Не го трошете животот на оние кои од вас бараат да се откажете од вашите верувања за да се прилагодите на нивните. Не го трошете животот ни зборовите, ни вниманието на оние кои ве ставиле на дното на листата на нивните приоритети, додека вие сте ги поставиле на врвот.

Автор: Марио Жувела
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот