X
 23.07.2025 Живот

Земја во која нема семафори, но има строги правила, а влезот е 100 евра дневно

Загрепчанката Вана Бојовиќ, која досега посетила повеќе од 147 земји во светот, редовно ги споделува своите впечатоци и интересни моменти од патувањата на социјалните мрежи. Во мај годинава таа го посети Бутан. Станува збор за мало, изолирано кралство сместено во Јужна Азија, помеѓу Индија и Кина. Со своите следбеници сподели низа интересни факти за оваа уникатна земја.

Влезот во земјата се наплаќа 100 евра на ден, а напредокот се мери преку среќа

- Оваа држава наплаќа влез од 100 евра дневно по лице - раскажува Вана објаснувајќи дека Бутан на овој начин го ограничува масовниот туризам со цел да ги заштити сопствената култура, природата и идентитетот.

 
- Добре дојдовте во Кралството Бутан, земја сместена меѓу гигантите Индија и Кина, но за разлика од кое било друго место на светот, Бутан не го мери напредокот преку БДП, туку преку бруто-национална среќа - филозофија која вели дека вистинскиот напредок доаѓа преку колективната благосостојба и квалитетот на животот, а не само преку економскиот раст. Во Бутан среќата не е луксуз, туку закон - објаснува таа.

Во Бутан не постојат семафори и го има еден од најубавите аеродроми


Вана открива дека во Бутан не постои ниту еден семафор и дека оваа земја е дом на еден од најопасните, но и најубави аеродроми во светот.

Таа објаснува дека жителите на Бутан секојдневно носат национална облека, која е задолжителна во училиштата и државните институции, а законите во Бутан налагаат почитување на традиционалната архитектура, која мора да биде усогласена низ целата земја. Дури и зградата на аеродромот мора да изгледа традиционално.

 
Не сакаат површни туристи

- Бутан строго ги чува својата култура и околина. Повеќе од 70 отсто од територијата е покриена со шума, а државата тоа го штити со наплата на дневна такса од 100 евра. Сето тоа е направено со цел да се обезбеди туризам со висока вредност и ниско влијание. Не сакаат масовен туризам, туку вистински посетители кои ќе бидат љубопитни, со почит и добра намера - рече Вана, додавајќи дека ова е нова, намалена цена, со оглед на тоа што до минатата година таксата изнесувала 200 евра дневно.

Извор: Index.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот