X
 23.09.2018 Економија

„Амазон“ планира да отвори до 3.000 нови мини-маркети без каси до 2021 година

„Амазон“ планира да отвори до 3.000 нови продавници без благајни до 2021 година, настојувајќи да примами нови купувачи. Извршниот директор Џеф Безос сака да го одреди најдобриот формат за овој скап чекор, пренесуваат западните медиуми повикувајќи се на неименувани извори.

Новите продажни центри „АмазонГоу“ би можеле да имаат формат на мини-маркети и да нудат свежо приготвена храна и некои прехранбени намирници, по примерот на „7-Елевн“. Другата можност се обичните ресторани.

Агресивното и скапо ширење на „Амазон“ би можело да ги загрози „7-Елевн“, но и сендвичарниците како „Сабвеј“ и  сличните, како и фамилијарните пицерии и подвижните продавачи на храна.

За „Амазон“ предизвик се високите трошоци за отворање на секоја продавница. Така, првата „АмазонГоу“ во Сиетл чинеше повеќе од милион долари само во сегментот на хардверот. Првата продавница без каси оваа компанија ја отвори во близина на седиштето во Сиетл во 2016 година. Во меѓувреме беа најавени уште неколку такви продавници.

„АмазонГоу“ функционира така што купувачите влегуваат во продавницата со помош на апликација на телефонот. Штом ќе ги скенираат телефоните на рампа, тие можат да земат што сакаат и да си излезат без да губат време на каса. Сензорите детектираат што зеле купувачите и им наплаќаат автоматски, елиминирајќи ги касите.

Во „Амазон“ ја разгледуваат можноста до крајот на оваа година да отворат десет вакви продавници, а во текот на идната година уште 50 во големите градови. Според плановите, до 2021 година би требало да бидат отворени до 3.000 вакви продавници.

Портпаролката на компанијата не сакала да ги коментира ваквите известувања.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија