X
 23.09.2019 Живот

Во Струга се одржа последната тренинг-обука во рамките на проектот „Младите ја обликуваат иднината“

Во функција на промовирање на економските потенцијали на Република Македонија, на 21.09.2019 во Струга се одржа последната од серијата тренинг-обуки што се организираат во рамките на трансконтиненталниот Ерасмус+ проект „Младите ја обликуваат иднината [YouLEAD]”, поддржан и финансиран од Европската комисија во рамките на Еразмус+ програмата.

Координатор на проектот е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ од Скопје.

Во реализацијата на овој двегодишен проект директно се вклучени претставници на универзитети, бизнис и НВО-секторот од 11 држави, и тоа од Австрија, Австралија, Бугарија, Германија, Грција, Казахстан, Киргистан, Непал, Полска, Узбекистан и Северна Македонија.



Освен директното поврзување на економиите на државите-учеснички во проектот кои доаѓаат од три континенти: Азија, Австралија и Европа, YouLEAD проектот ги развива капацитетите на членовите на проектниот конзорциум (универзитети; бизнис-секторот и НВО) за зголемување на јавната свест преку константен притисок врз владите и јавниот сектор за имплементација на целите на одржливиот развој со користење на алатките на дигиталниот маркетинг, пред сè, на мобилните телефони.



Проектот е дел од глобалните активности на Обединетите нации за остварување на целите на одржливиот развој фокусирани на намалувањето на сиромаштијата, социјалната правда и одржливоста на животната средина како голем морален и политички императив на нашето време. Овој императив може да се исполни ако постои радикален пресврт. Во срцето на оваа промена во глобалната иновативна агенда е поголема почит кон културната разновидност, регионалната разновидност и демократската одговорност.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот