X
 23.11.2022 Живот

Во ЕУ стапува во сила забраната за ароматизиран загреан тутун

Од денеска ароматизираните загреани тутунски производи се забранети во ЕУ.

Европската комисија ја поздрави забраната како добар одговор на зголемениот обем на продадени производи од овој вид низ ЕУ и смета дека ова ќе помогне во европскиот план за борба против ракот.

Целта на планот е до 2040 година помалку од 5 отсто од населението да консумира тутун и тутунски производи.

Според еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, тутунот предизвикува 90 отсто од раковите на белите дробови.

- Благодарение на забраната, нашите граѓани и посебно младите ќе бидат подобро заштитени од штетните ефекти на овие производи - рече Кириакидес.

Земјите членки на ЕУ имаат осум месеци да ја преточат забраната во домашното законодавство. Пред 23 октомври другата година треба да се исцрпат сите резерви на овој вид тутунски производи и новите правила да важат во цела ЕУ.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот