X
 23.12.2025 Живот

Во новата година ќе влеземе со поскапена струја - РКЕ ги објави деталите

Од 1 јануари нè очекува зголемена цена на електричната енергија, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Во соопштението од РКЕ известуваат дека извршиле корекција на доставената предлог-одлука за финалната цена од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме.

- Од 1 јануари 2026 година наместо предложеното зголемување од 7,66 % што ЕВН Хоме го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 %. Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87 %, додека предлог-зголемувањето на ЕВН Хоме е 8,54 %. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32 % иако беше предложено да има зголемување од 9,63 % и во четврти блок зголемувањето е 3,84 %, наместо предложените 11,86 %. Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи зголемување за 3,96 %, додека РКЕ одлучи истата да се коригира за 2,50 % - наведуваат од РКЕ.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, објасни дека регулаторните анализи покажале дека сметките на домаќинствата кои користат електрична енергија во прв и втор блок ќе се зголемат за 2,59 %, додека кај оние што имаат потрошувачка и во трет блок сметката ќе се зголеми за 2,79 %.

- Податоците покажуваат дека вкупно 64 % од потрошувачите имаат потрошувачка во првиот блок, додека на речиси 21 % им се тарифира и во втор блок, а третиот блок го користат 1,73 % од потрошувачите - истакнуваат од РКЕ.

Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот