X
 24.08.2026 Живот

Не оставате го овој уред вклучен преку ноќ, ја зголемува сметката за струја

Зголемените трошоци за електрична енергија ги поттикнуваат домаќинствата да штедат каде што е можно. Еден од најголемите „тивки“ потрошувачи, кој често минува незабележано, се наоѓа во кујната.

Додека вниманието најчесто се насочува кон големите потрошувачи, како клима-уредите и системите за греење, Кори Гилган, сопственик на компанијата „Орегон генераторс“, предупредува на микробрановата печка. Според него, таа е неочекуван извор на таканаречената фантомска енергија.

Фантомска енергија


- Кој уред, според моето мислење, најмногу ги чини луѓето трошејќи ја таа фантомска енергија? Микробрановата печка - наведува Гилган. - Повеќето сопственици на домови немаат поим дека нивните микробранови печки трошат струја 24 часа на ден, седум дена во неделата, дури и кога не се користат.“

Микробрановите печки ги одржуваат внатрешните кола активни и ги осветлуваат дигиталните екрани. Овој феномен е познат како „фантомско оптоварување“ или „вампирска енергија“.

Како се акумулира т.н. фантомска енергија

Иако микробрановата печка во состојба на подготвеност троши околу четири вати на час, на годишно ниво тоа се претвора во приближно 35 киловат-часа. Овој износ можеби не изгледа голем, но кога ќе се додаде на потрошувачката на другите уреди – апарати за кафе, печатачи, телевизори, кабелски приемници, полначи – вкупниот губиток на енергија може да достигне до 10 проценти од месечната сметка за струја. Гилган притоа предупредува дека кога на таа ставка ќе се надоврзат летните трошоци за климатизација, ударот врз домашниот буџет станува уште потежок.

Како да се намалат трошоците за струја?


- Исклучување на уредите од струја во текот на ноќта. Микробрановите печки, но и многу други помали уреди, можат целосно да се исклучат кога не се користат.
- Користење паметни продолжни кабли. Овие уреди автоматски го прекинуваат напојувањето кога уредот е во состојба на подготвеност.
- Следење на потрошувачката со мерач на енергија. Тој овозможува прецизно следење на потрошувачката во реално време, а на тој начин полесно се идентификуваат уредите што генерираат најголеми загуби.
- Временски тајмери и автоматизација. За уредите што работат само во одредено време (на пример, бојлери или кујнски апарати), тајмерите можат автоматски да го исклучуваат напојувањето кога тоа не е потребно.
- Намалување на работата на дигиталните екрани. ЛЕД-индикаторите и дигиталните часовници на апаратите во домаќинството можат да изгледаат безопасно, но во континуитет претставуваат дополнителна потрошувачка.
- Создавање навики за штедење во домаќинството. Кога сите членови на домаќинството ќе се запознаат со поимот „вампирска енергија“, полесно се градат заеднички навики за исклучување на уредите со цел заштеда.

Извор: tportal
Фото: magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот