Замислете да добиете плата за патување и пиење кафе. Тоа би било буквално остварување на сонот за повеќето од нас. Сега, една компанија нуди токму таква можност.
Компанијата за кафе „Камелеон кофи“ со седиште во Тексас отвори ново работно место. Во основа, кандидатот ќе добие 75.000 долари, здравствено осигурување и патни трошоци за патување и споделување на неговата експертиза за кафе и авантури на социјалните мрежи.
Во огласот за работа се бара „амбасадор на брендот и специјалист за содржина на социјалните мрежи за време на турнеја“, а компанијата има мисија да ја шири среќата со кофеин, така што потребни се кандидати подготвени да го направат тоа. Тие во моментов бараат две лица кои знаат да водат социјални мрежи и кои ќе му се приклучат на тимот.
Најдобриот дел е тоа што можете да аплицирате со пријател и да барате да патувате заедно. Некои дополнителни поволности се бесплатно кафе, здравствено осигурување, платен одмор и годишна плата од 75.000 долари.
Ако сакате да аплицирате, потребно е да поднесете едноминутно видео во кое ќе објасните зошто баш вие треба да бидете избрани. Видеото треба да го објавите на вашиот инстаграм-профил со ознака @chameleoncoffee, како и користење на хаштагот #chameleonbrewcrew. Потоа треба да пополните апликација, следејќи ги упатствата. Можете да забележите дека сакате да бидете во пар со одредена личност (која мора да пополни сопствена апликација).
Крајниот рок за поднесување на вашата апликација е 12 февруари 2025 година.
Извор:
Vice.com
Фото: Freepik