X
 24.01.2025 Живот

Продавниците се празни: Погледнете како се одвива бојкотот во Хрватска

Голем број граѓани на Хрватска ги бојкотираат продавниците, трговските синџири и бензинските пумпи поради постојаниот раст на цените.

Иницијативата започна од фејсбук-групата „Ало, инспекторе“, поддржана од Европскиот центар за извонредност на потрошувачите (ЕЦИП), а оттогаш е поддржана од здруженијата за заштита на потрошувачите, синдикатите, политичките партии, па дури и од самиот министер за економија.

Во Хрватска, цени мерени со ХИЦП (Хармонизиран индекс на потрошувачки цени) се зголемија за 4,5 отсто во декември минатата година во споредба со истиот месец во 2023 година, што е најсилен раст.

Така, Хрватска е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација, зад Романија (5,5 отсто) и Унгарија (4,8 отсто). Годишната стапка на инфлација во ЕУ во декември минатата година изнесуваше 2,7 отсто, а во еврозоната 2,4 отсто, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Многу продавници во Хрватска се празни, што може да се види од фотографиите.

Извор: dnevnik.hr

Фото: Platform X

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот