X
 24.02.2019 Живот

Тери Прачет: Во секоја стара личност се наоѓа млада личност која се прашува што се случило

- Зошто заминуваш? За да можеш да се вратиш. За да можеш да го видиш местото од кое доаѓаш со нови очи и во нови бои. И за луѓето да те видат тебе поинаку. Да се вратиш онаму од каде што си заминал не е исто како и никогаш да не заминеш.

- Во античките времиња мачките биле обожувани како божества; и не го заборавиле тоа.

- Мудроста доаѓа од искуството. Искуството најчесто е резултат на недостиг на мудрост.

- Ништо не е вредно да го правиш освен она што некој, некаде, со сите сили би сакал да не го направиш.

1
Фото: Flickr.com


- Светлината мисли дека патува побрзо од што било друго, но греши. Каде и да стигне, ја затекнува темнината, која стигнала тука пред неа и ја чекала.

- Не мисли на тоа како на умирање. Мисли на тоа како на заминување навреме за да го избегнеш метежот.

- Целиот живот е како гледање филм. Само што секогаш пристигнуваш десет минути подоцна и никој не сака да ти објасни за што станува збор, туку мораш сам да заклучиш врз основа на траги.

- Мечтата е како статичен велосипед. Не може да те одведе никаде, но може да ги извежбаш мускулите. Секако, можеби грешам.

- Хаосот го наоѓаме во најголема форма таму каде што е воспоставен ред. Тој секогаш ја победува уреденоста бидејќи е подобро организиран.

- Во секоја стара личност се наоѓа млада личност која се прашува што се случило.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот