Овие цитати и мудри мисли од познатите личности ќе ви ги отворат очите и ќе ви одржат неколку лекции за животот.
- Културниот човек секогаш молчи поради неговото воспитување, додека некултурниот мисли дека тој го замолчил - Раде Шербеџија.
- Нула е број без големина, освен кога го опишува човекот. Тогаш може да биде баш голема - Раде Шербеџија.
- Чесноста не може да се купи бидејќи чесниот човек не ја продава, ни за најголемото богатство на светот. А нечесниот би ја продал, но ја нема - Јован Јовановиќ Змај.
- Како мал, плачев бидејќи немав копачки. Но, еден ден запознав човек кој немаше стапало. Тогаш сфатив колку сум богат - Зинедин Зидан.
- Не објаснувајте се. На пријателите не им е потребно објаснување, а непријателите нема да ви веруваат - Пауло Коелјо.
- Имам чуден вкус. Ми се допаѓаат луѓе што имаат душа - Драган Николиќ.
- Оние што зборуваат лошо за вас се оние што од вас нешто сакаат, а не го добиваат - Андрија Терзиќ.
- Немам сѐ што сакам, но сакам сѐ што имам - Толстој.
- Гледам на двете страни кога преминувам еднонасочна улица. Е толку доверба остана во мене кон човештвото - Том Харди.
- Најмалку се среќни луѓето што ги имаат сите причини да бидат среќни - Јован Дучиќ.
- Најголемото злосторство што можеме да го направиме се постигнува со игнорирањето на злото што нѐ опкружува - Антон Чехов.
Извор:
Instagram
Фото: Freepik