X
 24.02.2023 Живот

„Старбакс“ ќе нуди кафе со маслиново масло

Претставници на најголемиот светски синџир на кафетерии „Старбакс“ соопштиле дека ќе почнат да нудат пијалаци што ќе содржат маслиново масло произведено во Италија.

Извршниот директор Хауард Шулц изјавил дека маслиновото масло дава неочекуван вкус на путер и го подобрува кафето кое „се задржува на непцето“. „Старбакс“ се соочува со проблеми во обидите да го прошири бизнисот во Италија, која е позната по доброто кафе. Новиот пијалак може да направи промени. Шулц изјавил дека никогаш не бил повоодушевен и повозбуден.


Фото: Pixabay

Компанијата ќе претстави повеќе студени и топли пијалаци оваа пролет. Во Италија ќе бидат претставени ледено еспресо и лате со маслиново масло, а слични пијалаци ќе почнат да се нудат и во САД и во Велика Британија.

Маслиновото масло е клучен дел од медитеранската исхрана во Италија, Грција и во Шпанија. Тоа има повеќе здравствени поволности, меѓу кои се и антиинфламаторните својства.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот