X
 24.04.2020 Живот

Директорка во САД на уникатен начин им направи алманах на матурантите

Директорка во средно училиште во Флорида на уникатен начин се обиде да им оддаде почест на своите матуранти, со оглед на тоа што училиштата во Флорида се затворени поради ситуацијата со Ковид-19.

Знаејќи како матурантите од училиштето ги поминуваат своите последни средношколски денови и дека нема да имаат матура, директорката на училиштето „Поплар Спрингс“, Фарика Вест, одлучила да им овозможи на средношколците да искусат барем мал дел од матурата.

Откако долго време размислувала како може да им оддаде почит, Вест му се јавила на училишниот фотограф кој претходно направил фотографии од матурантите за нивниот алманах.

Вест ги зголемила фотографиите од средношколците, ги отпечатила и ги поставила на обете страни од патот до училиштето во Грејсвил. Сега лицата на 30 насмеани матуранти ги поздравуваат возачите што поминуваат по овој пат.

На изненадување на Вест, иницијативата била поуспешна отколку што очекувала.

- И луѓето чии деца не учат тука, од Џорџија, Алабама, Мисисипи, доаѓаат за да ги видат нашите ученици - вели Вест.

Учениците биле трогнати од гестот.

- Поминувам покрај моето училиште секој ден и секојпат кога ќе погледнам, ги гледам фотографиите со нашите лица. Ова е нешто што дефинитивно ни дава утеха - вели еден од матурантите.



Извор: Good News Netwrok
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот