X
 24.08.2023 Живот

Филмот „Барби“ заработи милијарда долари за три недели

Филмот „Барби“ за три недели заработи милијарда долари, со што се смести на врвот на листата со филмови што успеале да заработат милијарда во првите неколку недели по првото прикажување.

„Одмаздници: Завршница“ од 2019 година ја заработи својата милијарда за само пет седмици. „Одмаздници: Војна на бесконечноста“ заработи милијарда долари за 11 недели, а на „Спајдермен: Нема пат до дома“ од 2021 му требаше исто толку време.

„Барби“ ѝ овозможи на Грета Гервиг да стане првата режисерка чиј филм заработи милијарда на американските киноблагајни.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот