X
 24.09.2023 Живот

За најдобриот студент на Правен, донациите преку СМС-пораки, хотелите за миленици... Што пишувавме неделава

Зорана Антовска, најдобар студент на Правен: „Политичките науки ги споија сите мои љубови: пишувањето, филозофијата, политиката, правото и историјата“

Зорана Антовска дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ со просек 9,76 и е дел од најдобрите студенти на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за академската 2021/2022. Таа награда и наградата „26 Јули“ за неа претставуваат потврда дека одбрала да го работи и студира она што навистина го сака.

Секоја година се отвораат по околу 100 линии за донирање пари на А1 Македонија и на Телеком, најмногу за лекување во странство

Броевите за донации на телефонските оператори во последно време се најефективен начин за собирање пари за лекување, за разни хуманитарни акции и слично. Овозможуваат поголем број луѓе да се вклучат во донацијата и да помогнат онаму каде што е потребно

Хотелите за миленици работат со полн капацитет, резервации се прават за два месеца однапред

За лесно приспособување, им препорачуваме на клиентите да го донесат нивното куче барем еден ден во дневен престој пред ноќевањето. Три дена дневен престој е идеален – а со тоа ќе му се овозможи на кучето да се навикне на објектот и да има подобро целокупно искуство, ќе се чувствува удобно со персоналот и ќе научи дека сопствениците ќе се вратат за да го однесат дома, истакнуваат од хотелот за миленици „АвАв“

Издвојуваме

Живот