X
 24.11.2021 Живот

Астрофотограф го снимил најдолгото делумно затемнување на Месечината во 500 години

Астрофотографот Ендрју Мекарти повторно воодушевува со својата неверојатна работа. Неговата последна фотографија е направена за време на најдолгото делумно затемнување на Месечината на векот. Како што вели, тој останал буден до 4 часот наутро за да направи илјадници слики, кои потоа ги трансформирал во прекрасна композитна фотографија.

Конечниот резултат е богат, детален поглед на целата низа на затемнувањето на Месечината. Станува збор за прекрасна уметничка фотографија која ја подготвувал со месеци бидејќи ја добил идејата за фотографирање на целосното затемнување на Месечината во мај.

fotografija
Фото: Instagram

- За оваа слика, поради времето на започнување на затемнувањето и неговата позиција на небото, успеав да ја снимам целата низа од почеток до крај. Тоа ми овозможи да направам детална снимка од секоја фаза од затемнувањето. Најпрво имав визија дека секоја слика ќе се преклопи доволно за да создаде тркалезна сенка - што ќе го покаже кружниот облик на сенката на Земјата. Сепак, тоа е направено многу пати досега и сакав да пробам нешто уникатно. Поставувајќи ја секоја слика на овие позиции, почувствував дека тоа на композицијата ѝ дава длабочина и навистина помогна да се илустрира она што го гледаме, а тоа е сфера во сенка - вели тој.


Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот