Кога ќе се случи излевање на нафта во морето, тоа само по себе е катастрофа за живиот свет на тоа место и загадувачот треба што побргу да се отстрани.
За таа цел, германски инженери создадоа брод наменет за чистење нафтени дамки во морето. Се работи за пловилото со назив „Ботсенд“. Тоа има способност да се отвора како ножици, со максимален распон е 65 степени и така, со помош и на посебни филтри, ја собира излеаната нафта од водата.
Горивото потоа се сместува во посебни контејнери, па се префрла во танкер.
Германската војска засега поседува два такви брода.
Извор: МИА