X
 25.01.2023 Здравје

Машките и женските срца различно реагираат на хормонот на стрес норадреналин

Ново истражување покажува дека женските и машките срца различно реагираат на хормонот за стрес норадреналин, кој игра улога во зголемувањето и одржувањето на крвниот притисок. Овој хормон се користи како лек во одржувањето на крвниот притисок кај пациентите со срцеви заболувања.

Истражувањето, кое било спроведено со помош на експерименти на глувци, покажува дека двата пола различно реагираат на лекови за срцето, што може да доведе до здравствени проблеми.

Резултатите покажале дека на почеток машките и женските срца реагираат исто на норадреналинот. Меѓутоа, некои делови од женското срце се враќаат во нормала побрзо отколку машкото срце, што предизвикува разлики во електричната активност на срцето. Овие разлики се поврзуваат со некои видови аритмија, објасни авторката Џесика Л. Калдвел.

Поголемиот дел од истражувањата во областа на кардиологијата во минатото се спроведувале на машки животни, што претставувало норма во областа, според Калдвел. Таа започнала да спроведува истражувања на глувци од двата пола пред повеќе години и оттогаш забележала одредени разлики помеѓу половите.

Извор: Medicalxpress
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје