X
 25.01.2025 Живот

Дејвид Линч: „Негативноста е непријател на креативноста“

Култниот режисер, сценарист, музичар, глумец и уметник, режисерот Дејвид Линч, почина неодамна, на 78-годишна возраст.

Линч беше најпознат по филмот „Мулхоланд драјв“ и серијата „Твин пикс“, како и по филмовите „Син сомот“, „Ѕвезден булевар“ и многу други. Линч беше препознатлив по тоа што неговите филмови имаа комплексни заплети и надреални елементи и со тоа успеа да создаде свој жанр во Холивуд.

Со серијата „Твин пикс“, која почна да се емитува во 1990 г., стекна светска слава, а со „Мулхоланд драјв“ си го зацементира статусот на еден од најдобрите и најуникатни режисери во Холивуд.

Ова се некои од неговите најпознати мисли и цитати низ годините:

- Интуицијата е клучот за сè, во сликарството, снимањето филмови, бизнисот - сè. Мислам дека можеш да имаш интелектуална способност, но ако можеш да ја изостриш својата интуиција, тогаш настанува свесноста.

- Дури и лоша шолја кафе е подобра од никакво кафе.

- Мислам дека идеите постојат надвор од нас. Мислам дека некаде, сите сме поврзани во некоја апстрактна земја. И некаде помеѓу таму и овде постојат идеи.

- Непријатно ми е да зборувам за значењето и работите. Подобро е да не знаете толку многу за тоа што значат работите. Затоа што значењето, тоа е многу лична работа, а значењето за мене е различно од значењето за некој друг.

- Сите ние сме како детективи во животот. Постои нешто на крајот на патеката што сите го бараме.

- Верувам во креативна контрола. Што и да прави некој, треба да има контрола над тоа.

- Негативноста е непријател на креативноста.

- Апсурдот е она што најмногу ми се допаѓа во животот, а постои и хумор во борбата со незнаењето. Ако видите како човек постојано се удира од ѕид додека не стане крвава каша, по некое време ќе ве насмее бидејќи станува апсурдно.

- Мислиме дека ги разбираме правилата кога стануваме возрасни, но она што навистина го доживуваме е стеснување на имагинацијата.

- Секогаш постои страв од непознатото онаму каде што има мистерија.

Извор: Goodreads.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот