X
 25.03.2025 Живот

Кино во Лондон од 1910 година - едно од најубавите што сте ги виделе

Лондон е еден од оние градови каде што никогаш не може да ви биде здодевно. Веќе е познато дека содржи неколку кул места за секакви активности. Од слатки места за бранч, пабови, луксузни ресторани до уникатни културни локации. Има едно такво место во Лондон – „Електрик синема“. Се работи за едно од најубаво украсените кина. „Електрик синема“ има богата историја, а денес има две локации – Портобело и Вајт Сити.

Историја на киното

„Електрик синема Портобело“ се наоѓа во областа Нотинг Хил во Лондон, на патот Портобело. Тоа е едно од најстарите кина во историјата на Велика Британија, а лесно би можело да се нарече првото кино во таа земја, кое било наменето исклучиво за филмови. Отворено е во далечната 1910 година. Иако било затворено неколку пати во текот на својата историја, киното функционира на оваа адреса речиси непрекинато до денес. Киното е дизајнирано од архитектот Џералд Сејмур Валентин во барокен стил. За време на Втората светска војна киното процветало кога неделно го посетувале 4.000 луѓе, а се верува дека своевремено таму работел озлогласениот британски масовен убиец Џон Кристи како задолжен за проекциите. Со доаѓањето на 60-тите години и промената на филмската индустрија и социјалната клима, киното се фокусирало повеќе на авангардни содржини и независни филмови. Потоа неколку пати се отворало и затворало без комерцијален успех.

Во денешно време

На почетокот на 21 век просторот го купил сегашниот сопственик Питер Сајмон, кој вложил пет милиони фунти во реновирање на внатрешноста и надворешноста на киното, пред да му го даде под закуп на клубот „Сохо хаус“. Тоа е приватен клуб на членови кој се фокусира на креативците и уметноста. Денес сè уште е дел од „Сохо хаус“ и е познато по своето луксузно искуство при гледање филмови. 

„Електрик синема“ изгледа навистина џентлменски со своите кожени фотелји и маси со светилки на нив. Се чувствувате како да сте во џез-клуб. Киното го задржало својот винтиџ-шарм, но исто така е модернизирано за да обезбеди максимална удобност за посетителите. „Електрик синема“ нуди: кожени фотелји со потпирачи за нозе, кревети во првиот ред за врвна релаксација, понуда на бар и ресторан со можност за послужување за време на филмот и ќебиња од кашмир за дополнителна удобност.

Репертоарот вклучува комбинација од најновите филмски хитови, култни класици и независни филмови. Иако членовите на „Сохо хаус“ имаат посебни поволности, проекциите се отворени и за јавноста, па секој може да ужива во уникатниот амбиент на ова кино. Тука е и киното „Вајт Сити синема“, исто така дел од „Електрик синема“.


@spacesnplaces Save this for the perfect date night🍿📽️ Grab milkshakes & food at the diner beforehand too🍴🤤 Electric Cinema, Notting Hill London📍 By Soho House #london #thingstodoinlondon #londonactivities #londonhotspots #londonhiddengems #cityguide #uktravel #cinema #electriccinema #londoncinema #wholesome ♬ original sound - ur mom <3

„Вајт Сити синема“

За разлика од историјата на киното Портобело, „Вајт Сити“ било отворено во 2019 година. Се наоѓа во поранешната зграда на Би-би-си.  И „Вајт Сити синема“ нуди удобни фотелји, ќебиња од кашмир и маси за да уживате во закуски и пијалаци. Киното е опремено со најнова технологија, а програмата за прикажување вклучува различни филмови, од нови изданија до филмови за деца и специјални неделни матинеа.

@therealjulicius POV : You go to the modt beautiful vintage cinema in London to see #wicked #london #christmas #whitecity #thingstodoinlondon #cinematic #cinema #vintage #arianagrande #champagne #vip #solotravel ♬ Can I Call You Rose? (Cover) - SOLOMON

Извор: journal.hr

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот