X
 25.05.2025 Наука

Огромни резервоари на чист водород би можеле да ја напојуваат Земјата со струја 170.000 години

Неодамнешните откритија укажуваат дека резервоарите на водород се закопани во многу региони во светот, вклучувајќи најмалку 30 американски држави.

Наоѓањето вакви резервоари би можело да помогне во забрзувањето на глобалната енергетска транзиција, но досега геолозите имаа само делумно разбирање за тоа како се формираат големите акумулации на водород - и каде да ги најдат.

- Моменталното прашање е да се открие каде е ослободен, акумулиран и зачуван водородот - изјавил Крис Балентин, професор на Универзитетот „Оксфорд“.

Новиот труд на Балентин почнува да одговара на овие прашања. Според него, Земјината кора произвела доволно водород во текот на изминатите 1 милијарда години за да ги задоволи нашите сегашни енергетски потреби за 170.000 години. Она што сè уште е нејасно е колку од тој водород би можел да се извлече.

Во новиот преглед, истражувачите составуваат список со геолошки услови што го стимулираат создавањето и натрупувањето на природен водороден гас под земјата, што би требало да го олесни пребарувањето на резервоари.

Постојат десетина природни процеси што можат да создадат водород, а наједноставниот е хемиска реакција што ја разложува водата на водород и кислород.

- Едно место кое привлекува голем интерес е во Канзас, каде што карактеристика наречена средноконтинентален расцеп, формирана пред околу 1 милијарда години, создала огромна акумулација на карпи (главно базалти), кои можат да реагираат со вода за да формираат водород. Тука се бараат геолошки структури кои можеби го заробиле и акумулирале генерираниот водород - вели Балентин.

Врз основа на знаењето за тоа како другите гасови се ослободуваат од карпите под земја, авторите сугерираат дека тектонскиот стрес и високиот проток на топлина може да ослободат водород длабоко во Земјината кора.

-Ова помага да се донесе водородот до блиската површина каде што може да се акумулира и да формира комерцијален ресурс - рекол Балентин.

Водородот се користи за производство на клучни индустриски хемикалии, како што се метанол и амонијак. Гасот би можел да помогне и во преминот од фосилни горива бидејќи водородот може да напојува и автомобили и електрани.

Но, водородот денес се произведува од јаглеводороди, што значи дека производството на гасот доаѓа со огромни емисии на јаглерод. Чистиот водород од подземните резервоари има многу помал јаглероден отпечаток бидејќи се јавува природно.

Извор: scientificamerican.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука