X
 25.10.2026 Живот

Руско село на американска територија - се наоѓа среде пустелија, а малкумина знаат дека постои

Дали сте слушнале за Николаевск? Ако не, не грижете се. Малкумина знаат за оваа рурална населба која е сместена на полуостровот Кенаи во американската сојузна држава Алјаска. Ако го погледнете на картата, ќе забележите дека се наоѓа среде пустелија и е на околу 185 километри оддалеченост од Енкориџ.

Она што изненадува е фактот дека е составено од жители главно со руско потекло. Според пописот од 2020 година, во него живеат 328 жители – тоа е блиско поврзана и претежно етнички руска заедница која се држи до традиционалните руски вредности.

Населбата ја основале руски православни староверци помеѓу 1968 и 1970 година. Тие се припадници на верска група која настанала во 17 век по црковната реформа на патријархот Никон, чија цел била да ги усогласи руските обреди и текстови со грчките православни примери.

Староверците ги отфрлиле тие промени, поради што биле прогонети и се распрснале во стотици изолирани заедници низ светот како оваа. Во Николаевск изградиле куќи, црква „Св. Никола“ и свој живот.

Ретки се оние што знаат за постоењето на Николаевск, а дури и тие никогаш не го посетуваат. Во тоа се уверија и момците од јутјуб-каналот „Јес, тиори“ (Yes, Theory) кога се упатија на Алјаска.

Што снимија во Николаевск, погледнете во видеото.




Извор: punkofer
Фото: принтскрин/јутјуб

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот