X
 26.05.2023 Живот

Зошто луѓето се будат сѐ порано како што стареат?

Дали вашите баби и дедовци стануваат рано наутро секој ден? Очигледно постојат научни причини зошто луѓето стануваат сè порано како што стареат.

Било откриено дека подоцна во животот природниот процес на стареење предизвикува промени во времето во кое телото се подготвува за спиење. 

- Како и повеќето од работите што се менуваат со возраста, нема само една причина и тие се поврзани - вели Синди Лустинг, професорка по психологија на Универзитетот во Мичиген.

Меѓутоа, сè се сведува на фактот дека со стареењето, мозокот реагира помалку на фактори што му покажуваат каде се наоѓаме во одреден момент, како сончевата светлина, општествените дразби и физичката активност. Мозокот не реагира на овие надворешни околности како порано.

Помладите луѓе полесно може да ги поврзат надворешните околности со спиењето, како јадење вечера неколку часа пред спиењето. За постарите, тоа не е толку лесно, особено доколку лицето има оштетен вид. Промените со видот кои доаѓаат со староста ја намалуваат интензивноста на светлосната стимулација која ја прима мозокот, што игра голема улога во поставувањето на циркадискиот ритам, според експертите.

Неспособноста за препознавање на надворешните околности доведува до побрз замор кај постарите луѓе, а како резултат на тоа, тие се будат порано.

Извор: Huffington post
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот