X
 26.06.2019 Живот

Телефонот не ти е другар - најди го својот партнер за игра и социјализирај се

На 29.06.2019 година (сабота) со почеток од 15:00 часот во книготека „Икона“ – Парк на ул. „Аминта Трети“ број 3 ќе се одржи настан под име: „Телефонот не ти е другар, најди го својот партнер за игра и социјализирај се“.

Настанот го организира книготека „Икона“ во соработка со „Гоблин“ за сите љубители на друштвените игри. Поведени од сѐ поголемата заинтересираност на младите за играње игри преку телефони, таблети и други технички апарати кои ги отуѓуваат едни од други и ги осамуваат, „Гоблин“ и „Икона“ решија да го поддржат чинот на играњето на друштвени игри.

Играњето на друштвени игри ја зголемува концентрацијата, ги зближува и социјализира луѓето и е придонес во развој на логичката интелигенција кај децата. Многубројните бенефити од играњето друштвени игри се мотивот за одржување настан на кој посетителите и вљубените во играњето друштвени игри ќе можат да играат игри со својот избран или случаен партнер за игра.

Новиот простор на книготека „Икона“ на денот на одржување на настанот ќе биде организиран и аранжиран за играње друштвени игри. Настанот е од отворен карактер и може да го посетат сите заинтересирани.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот