X
 26.07.2025 Наука

Дали знаете дека колибрито е единствената птица во светот што може да лета наназад?

Колибријата се единствените птици на светот што можат да летаат наназад, што ги прави вистински природни чуда. Овие ситни, но фасцинантни суштества привлекуваат внимание кај научниците и љубителите на природата.

Во зависност од видот, колибријата при летање замавнуваат со крилјата од 720 до дури 5.400 пати во минута. Оваа екстремна активност бара многу енергија, па поголем дел од времето го поминуваат одмарајќи се на гранки. Токму поради звукот што го создаваат нивните крилја го добиле името „Hummingbird“, а некои достигнуваат брзина и над 53 километри на час. Можат да летаат и кога врне дожд, а со брзо движење на главата, 132 пати во секунда и ротација од 202 степени, ги отстрануваат капките вода без да го променат правецот.

Физиолошки, колибријата се исклучителни. Нивните мускули за летање сочинуваат 25-30 отсто од телесната тежина, што е значително повеќе од другите птици. Срцето им зафаќа 2,5 отсто од телесната маса, што е најмногу во споредба со сите животни.
Најмалата птица на светот, пчелестото колибри, е долга само 2,54 см и тежи два грама, што е помалку од паричка од пет центи. Нејзините мали нозе служат само за седење, а посебно оформениот јазик ѝ овозможува прецизно собирање нектар.

Колибријата немаат сетило за мирис, а нивните светкави пердуви се последица на призматични микроструктури кои ја разложуваат светлината во бои. За разлика од повеќето цицачи кои имаат само 7 вратни пршлени, колибријата имаат 14 или 15, што им овозможува извонредна флексибилност.

Извор: Vecernji.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука