X
 26.12.2022 Живот

Какво време нѐ очекува за новогодишниот викенд?

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, новогодишниот викенд ќе биде прекрасен за оние што се љубители на денските забави, кои во последниве години се многу популарни.

Имено, од УХМР соопштија дека неделава нè очекува претежно стабилно време со појава на магла по одделни котлини со променлив интензитет, освен утре попладне кога ќе има ветер со умерен интензитет што ќе предизвика преодно намалување на маглата. В среда ќе има зголемена облачност и услови за локален слаб дожд.

Цела недела минималните температури нема да отидат длабоко во минусот, а максималните ќе достигнат и до 16 Целзиусови степени. За жал, нема да имаме снег за дочекот на Новата година.

Фото: УХМР

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот