X
 26.12.2023 Живот

Што прават секое утро луѓето што живеат над 100 години?

Луѓето што живеат во регионите на Јапонија, Костарика, Италија, Грција и Калифорнија имаат најдолг животен век и се меѓу најсреќните луѓе во светот. Групите во Окинава, полуостровот Никоја, Сардинија, Икарија и Лома Линда имаат сличен начин на живот што придонесува за нивната долговечност.

Тие биле предмет на безброј истражувања, а преку нивниот начин на живот научниците сакале да откријат што ги прави среќни.

Излегува дека повеќето луѓе во сините зони следат едноставни рутини наутро со кои го започнуваат денот: од она што го јадат и пијат до тоа како му пристапуваат на секое утро од ментална перспектива, тие применуваат одредени навики.

Здрав појадок


Повеќето луѓе што живеат во сини зони уживаат во богата и разновидна исхрана. Тие генерално консумираат повеќе овошје и зеленчук, а помалку црвено или преработено месо, шеќер и скробни јаглехидрати отколку во западната исхрана.

Истражувањата покажаа дека следењето на медитеранската исхрана, која се заснова на консумирање цели зрна, маслиново масло, грав, јаткасти плодови и риба, може да помогне да се намали ризикот од голем број болести, како Алцхајмерова болест, срцеви заболувања, мозочен удар и разни видови рак.

Уживаат во шолја кафе

Луѓето што живеат во овие региони пијат две до три шолји кафе дневно секој ден.

Истражувањата покажаа дека три шолји кафе дневно помагаат да се намали ризикот од дијабетес и дебелина.

Најдете го вашето икигаи

Сите луѓе во сините зони следат некоја варијација на јапонската техника за среќен живот - икигаи. Станува збор за откривање на она што му дава цел на вашиот живот - причината зошто станувате од кревет секое утро.

Истражувањата покажаа дека луѓето што чувствуваат дека имаат поголема цел имаат тенденција да живеат подолго.

Кажете ѝ нешто убаво на првата личност што ќе ја сретнете


Слично на тоа, начинот на кој ги третирате луѓето на почетокот на денот може да ви даде поттик за среќа.

Авторот Ден Баутнер, кој го измислил терминот „сина зона“, рекол дека секое утро го започнува кажувајќи ѝ нешто убаво на првата личност што ќе ја сретне.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот