X
 07.10.2025 Живот

Клучот за долгиот, здрав живот на Џејн Гудал била растителната исхрана

Познатата британска активистка Џејн Гудал, која го привлече вниманието на светот со своите истражувања за однесувањето на шимпанзата во Африка, почина неодамна, на 91-годишна возраст.

Нејзината посветеност на работата дури и во деветтата деценија од животот ја отсликува особината на најсреќните и најдолговечни луѓе - никогаш не престануваат да работат.

Посветеноста на Гудал кон заштитата на природата и здравјето на планетата се одразила и во нејзината исхрана, па таа со децении консумирала само растителна храна.

- Пред околу 50 години престанав да јадам месо. Последниот пат кога погледнав во чинија полна со месо, си помислив: „Ова претставува страв, болка и смрт“. Тоа беше моментот кога веднаш преминав на растителна исхрана - напиша таа во есеј во 2017 година.

Нејзината одлука да премине на растителна исхрана се темелела на етички и еколошки причини - не сакала да поддржува фабрички фарми и штетите што производството на месо ѝ ги нанесува на животната средина. Таа ги повикaла луѓето да го направат истото.

Производството на месо, според Маја Вадивелу, професорка по исхрана на Универзитетот во Род Ајленд, значително придонесува за емисијата на стакленички гасови и други негативни показатели за здравјето на планетата.

И Гудал забележала подобрување на своето здравје откако престанала да јаде месо.

- Кога престанав со месото, веднаш се почувствував подобро и полесно - изјави Гудал во една пригода.

Според „Харвард хелт паблишинг“, елиминирањето на црвеното месо од исхраната може да доведе до намален ризик од кардиоваскуларни заболувања и рак, а луѓето што јадат големи количини црвено месо може да имаат поголема веројатност за пократок животен век.

- Не станав веган само поради здравјето, станав веган поради етичноста. Јас сум веган заради животната средина - изјави Гудал.

Извор: CNBC 
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот