Холандската полиција изјавила дека бил пронајден човек скриен покрај тркалото на авионот кој летал од Јужноафриканската Република до Амстердам.
Летовите од Јоханесбург до Амстердам обично траат околу 11 часа. Авионот, кој носел товар, застанал во Најроби, Кенија, па не се знае дали тој се качил на авионот во Кенија или во Јужноафриканската Република, пренесува Би-би-си.
Возраста и националноста на човекот не биле откриени. Необично е тоа што преживеал поради ниската температура и ниското ниво на кислород на големите височини на кои летал авионот.
Човекот бил однесен во болница и е во добра здравствена состојба, изјавиле од холандската полиција.
Извор:
BBC
Фото: Pixabay