X
 17.01.2025 Здравје

Итно предупредување од СЗО поради ширење застрашувачка болест во Африка

Неизлечив вирус сличен на ебола се појави во Танзанија, предупредија експертите од глобалното здравство.

Марбург, еден од најсмртоносните патогени откриени досега, веќе заразил девет лица, од кои 8 починале. Во моментов нема достапни вакцини или третмани, што значи дека лекарите се принудени да се фокусираат на помагање на пациентите да ја преживеат инфекцијата. Ова често ги става здравствените работници во ризик.

Вирусот може да предизвика појава на симптоми како крвавење од очите бидејќи се пренесува преку заразени телесни течности.

Светската здравствена организација (СЗО) распореди тимови во североисточниот регион Кагера во Африка, каде што се забележани сите случаи досега. Но, лекарите треба да внимаваат и на случаи во соседните земји, како Руанда и Бурунди бидејќи вирусот може да се шири и во таа насока.

Марбург е всушност хеморагична треска - каде што органите и крвните садови се оштетени, предизвикувајќи крвавење внатрешно или од очите, устата и ушите. Вирусот може да се шири со допирање или при контакт со телесни течности на заразено лице, контаминирани предмети или заразени диви животни. Се вели дека првично се пренесува на луѓето по престој во рудници или пештери населени со овошни лилјаци. Симптомите се појавуваат нагло и вклучуваат силни главоболки, треска, дијареја, стомачна болка и повраќање и стануваат сè потешки.

Во раните фази на болеста многу е тешко да се разликува од другите тропски болести, како што се еболата и маларијата. СЗО вели дека има смртност до 88 отсто, што значи дека може да убие речиси девет од десет луѓе што ги инфицира. Избувнувањето во Танзанија доаѓа по помалку од еден месец откако епидемијата на марбург во соседна Руанда беше официјално прогласена за завршена. Вкупно 66 луѓе беа заразени, од кои околу 80 проценти беа здравствени работници.

Земјата објави 15 смртни случаи, при што одговорот на Руанда беше пофален на меѓународно ниво за ниската стапка на смртност од 23 проценти - најниска досега. И покрај регионалната закана, глобалниот ризик останува низок бидејќи вирусот не се шири лесно меѓу луѓето, соопшти СЗО.

Извор: dailymail.co.uk

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје