X
 07.07.2023 Живот

Од следната година мобилните телефони ќе бидат забранети во холандските училници

Мобилните телефони, таблетите и паметните часовници ќе бидат забранети во училниците во Холандија од 1 јануари 2024 година, објави холандската Влада, во обид да се ограничи сето она што им го одвлекува вниманието на учениците за време на наставата.

Уредите ќе бидат дозволени само доколку се неопходни, на пример, на час по дигитални вештини, од медицински причини или во случај на лица со посебни потреби.

- Иако мобилните телефони се сеприсутни во нашите животи, тие не спаѓаат во училниците. Учениците мора целосно да се концентрираат на наставата - изјави министерот за образование Роберт Дијкграф.

- Ним треба да им се даде можност да стекнат квалитетно знаење. Научните истражувања покажаа дека мобилните телефони им го одвлекуваат вниманието на учениците и мораме да ги заштитиме од тоа - додаде тој.

Забраната е резултат на договор меѓу министерството, училиштата и сродните организации. Училиштата ќе можат да ја спроведат забраната на начин што најмногу им одговара, рече Дијкграф, додавајќи дека ќе следуваат законски правила доколку мерката не ги добие очекуваните резултати до летото 2024 година.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот