Животот е исполнет со ситуации во кои се функционира под притисок. Истражувачки труд од Сијан Бејлок покажува дека работата под притисок може да го ограничи количеството на информации што може да ги имате во еден момент, но и може да ве наведе да обрнувате внимание на сопствените активности кои обично се прават автоматски, како движење на телото или формирање реченици. Но има начини на кои може да го вежбате мозокот подобро да работи во овие сценарија.
Наградувајте се
Според истражувањата на Бејлок, односно кога лицата се фокусираат на позитивниот исход, креативноста расте доколку постојат мали награди. Меѓутоа, кога се фокусирани на негативниот исход, што се случува кога се работи под притисок, поголема е креативноста кога има мали загуби отколку награди. Затоа, Бејлок препорачува воведување систем на наградување во работата во кој ќе се наградите доколку успеете во одредена задача.
Фото: Pixabay
Вежбајте
Дали често тешките задачи ги оставате за крај? Како резултат на ова, може да го зголемите притисокот за добро завршување на активностите. Наместо тоа, Бејлок предлага да вежбате во ситуациите во кои имате притисок за да се навикнете на чувството. На пример, доколку зборувањето во јавност ви создава стрес, вежбајте ги своите говори. Со текот на времето ќе откриете дека вежбањето ќе го намали притисокот за време на тие активности и можеби ќе откриете дека уживате во нив.
Фокусирајте се на вистинските работи
Додека вежбате, треба да го вежбате и она за што размислувате додека сте под притисок. Додека правите нешто под притисок, можеби се фокусирате на начинот на кој зборувате, тонот на гласот или движењето на рацете. Но тоа нема да ви помогне, туку може да има лош ефект.
Најверојатно зборувате најтечно и се движите најприродно кога не обрнувате внимание на секој збор. Затоа, во вежбањето потрудете се да се потсетувате на она што е најважно и кога вистински ќе треба да се покажете, вашиот ум природно ќе се фокусира на најбитното.
Извор:
Studenti
Насловна фотографија: Freepik