X
 27.06.2022 Живот

Трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на државни празници

Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кои се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот профил на „Фејсбук“.

-Со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места. Имајќи ги предвид податоците што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои оваа туристичка сезона ќе ја посетат Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја - истакна Бектеши и додаде дека измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор.

Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти.

Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

Фото: Борче Поповски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот