X
 29.06.2021 Живот

Од 1 јули ќе биде дозволено да се прават свадби во затворено

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Одлуката ќе стапи на сила од 1 јули 2021 година.

Од Владата потсетуваат дека на предлог на Комисијата за заразни болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот