X
 27.07.2018 Живот

Бабичка која го преживеала Холокаустот сега е фронтменка на дет метал бенд

Како што старееме, фамилијата и пријателите може да починат или да нѐ остават на некој начин, но за многу од нас креативноста може да ни биде утеха. Да, може да нѐ направи и бесмртни, како Бах и Шекспир, но не би биле присутни за да дознаеме. Во случајот на Инге Гинсберг, тоа се случува на еден невообичаен начин - со дет метал.

Инге минува голем дел од времето патувајќи на релација Швајцарија - Њујорк. Таа се спријателила со млади музичари, кои ја вклучиле во тимот и сега таа ги изведува нејзините поеми со дет метал придружба.

Инге ги пишувала поемите со години и тие се со различна тематика, како смртноста, уништувањето на Земјата, осаменоста. Таа порано пишувала поеми, но, како што вели таа, општеството не е заинтересирано да слушне што имаат да кажат постарите. Биле потребни младите пријатели за да ја воспостават врската меѓу нејзините поеми и вообичаените преокупации на дет металот.



Гинсберг е, како што вели таа, еврејска принцеза која го преживеала Холокаустот, избегала во Америка и завршила пишувајќи песни со сопругот. Потоа се вратила во Цирих и тројца сопрузи и неколку децении подоцна, таа е во центарот на вниманието, настапувајќи на швајцарската верзија од „Америка има талент“.

-Мојот концепт на рај и пекол е дека во моментот на смртта сфаќаш дека животот ти бил исполнет и добар - тоа е рај. А ако помислиш: „Ох, требаше да го направам ова или она“, тогаш тоа е пекол - вели пејачката.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот