Девојчето Саглана коe живее со својата болна баба и слеп дедо во мало село во Тува, практично отсечена од светот, одлучила да оди по лекарска екипа, кога едно утро видела дека нејзината баба не се движи.
Се упатила сосема сама низ опасната шума во најблискиот град,кој е оддалечен 8 километри и тоа по температура од -34 степени Целзиусови. До посакуваното место стигнала за неколку часа, но лекарите морале да се погрижат за неа заради хипотермија. За жал, не стигнале на време до нејзината куќа, бидејќи нејзината баба веќе починала.
Девојчето било прогласено за херој од страна на локалното население, а полицијата и социјалните служби сега истражуваат што се случило со нејзината мајка. Како што е соопштено, мајка и се сомничи за занемарување на детето.