X
 27.08.2025 Живот

МОН: Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија, велат од Министерството за образование и наука.

-Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука.Обезбедени се и учебници по странските јазици, првпат после седум години, кои недостигаа, а наставниците и учениците самостојно се снаоѓаа со литература. Нови учебници со унапредена содржина има и за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиско образование, каде што започнува примената на нови наставни програми. Над 100 нови наслови ќе бидат достапни и за учениците од средните стручни училишта - стои во соопштението.  

Од МОН додаваат дека прашањето за изработката, печатењето и испораката на учебниците е системски решено со новиот Закон за учебници во чија изработка, како што велат од Министерството, учествуваа сите засегнати чинители, вклучително и автори, рецензенти, но и сите издавачки куќи во државата.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот