Три песни на Ѓорѓе Балашевиќ влегуваат во учебниците по српски јазик за основно образование во Србија.
Во учебниците за осмо одделение ќе се најде „Дрвена песма“, додека во пониските одделенија на часот по српски јазик ќе се анализираат песните „Девојка са чардаш ногама“ и „Д-мол“.
- Важен е затоа што е разновиден, а тоа е она што го одликува нашиот драг
Џоле Балашевиќ. Така, ја имаме „Девојка са чардаш ногама“, весела песна, а потоа „Д-мол“, тажна љубовна песна. За осмоодделенците ќе биде „Дрвена песма“, која зборува за сонувањето на едно момче - вели професорката Ивана Лучиќ од едно основно училиште во Нови Сад.
- Не се баш лесни за разбирање и не се едноставни, па за наставниците е прекрасна задача заедно со учениците да ги анализира песните, да ги најдат стилските фигури, скриената смисла и преносното значење - вели професорката.
Фото: Screenshot/YouTube