X
 27.09.2025 Живот

Радиоактивни рогови како оружје против ловокрадците на носорози

Јужноафрикански научници започнаа кампања против ловокрадство, при што во роговите на носорозите ќе се инјектира радиоактивен материјал.

Група од Универзитетот „Витватерсранд“ соопшти дека оваа постапка е безбедна за носорозите, но ќе им овозможи на царинските служби да ги откријат шверцуваните рогови додека се транспортираат низ светот.

Научниците се надеваат дека ова ќе ги одврати ловокрадците од лов на овие животни.

Јужна Африка има најголема популација на носорози во светот, а стотици од нив стануваат жртви на ловокрадство секоја година.

 

Извор: BBC
Фото: BBC/Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот