X
 27.10.2019 Живот

Може да го паузираме глобалното затоплување со 300 милијарди долари

Би можеле да го запреме зголемувањето на емисиите на стакленичките гасови за 15 до 20 години - ако имаме волја да потрошиме 300 милијарди долари.

Климатолозите од Обединетите нации предвидуваат дека толку би чинело да се обноват 2 милијарди хектари земја деградирана најмногу од човечки фактори, како што се дефорестацијата и претворањето во пасишта.

Земјиштето би можело да се користи за пасишта, за сеење или садење - што и да има најмногу смисла за локалната заедница. Клучното нешто е земјиштето да се направи способно повторно да издржи растителен живот за тие растенија да можат да го впиваат јаглеродот од воздухот и да го складираат во почвата.

- Ја загубивме биолошката функција на почвите. Мораме да го одвратиме тоа. Ако го направиме, ние ја претвораме земјата во големиот дел од решението за климатските промени - истакнува Барон Ор, главен научник при Конвенцијата за борба против опустошувањето при ОН.

Надежта е дека обновата ќе ни купи доволно време за да се оттргнеме од системите што сега предизвикуваат глобално затоплување.

- Со политичка волја и инвестиции од околу 300 милијарди долари, тоа е изводливо. Ние би ги користеле најевтините опции што ни се на располагање додека чекаме технологиите во енергетиката и транспортот да созреат и да бидат целосно достапни на пазарот - истакнува Рене Кастро Салазар, асистент-генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство при ОН.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот