X
 28.01.2020 Живот

Во Тајланд можете да спиете во проѕирни куполи опкружени со слонови

Тајланд е држава позната по својата прекрасна природа, неверојатен животински свет и тропско време, што ја прави совршена дестинација за одмор за оние што сакаат природа.

За да ги приближи туристите поблиску до природата, постои одморалиште што овозможува да престојувате во купола. Лоцирано во северниот дел на Тајланд, одморалиштето за кампување „Антара голден трајенгл елефант“ ги привлекува туристите со уникатните проѕирни куполи со прекрасен поглед на природата населена со слонови.

1
Фото: Anantara


Овие неконвенционални соби се нарекуваат „Меурчиња на џунглата“. Направени се од високотехнолошки материјал од полиестер, што на посетителите им овозможува да ја набљудуваат околината без никакви ограничувања.

3
Фото: Anantara


Секоја купола има 22 квадратни метри, во кои се сместени удобен кревет, бања и место за седење.

4
Фото: Anantara


Слоновите што живеат во одморалиштето се спасени и сместени во кампот за да имаат удобен живот.

5
Фото: Anantara


Одморалиштето ветува незаборавна ноќ во луксузната купола за 585 долари на ден за двајца. Освен основните удобности, одморалиштето нуди пристап до кошница за вечера, мини-бар, 24-часовна услуга за јадење и чај и кафе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот