X
 25.01.2019 Живот

Бангкок со дронови ја намалува загаденоста на воздухот

Загадувањето на воздухот во Бангкок, Тајланд, достигна опасни нивоа, поради што се прават и некои необични обиди за прочистување на воздухот, како прскачки дронови.

Оваа недела нивото на ПМ 2,5 честичките во Бангкок достигна 185 микрограми на кубен метар. Сè што е над 150 се смета за опасно за сите лица, додека 50 или помалку од тоа се смета за добро.

Владата одговори со пуштање мала флота дронови кои можат да прскаат вода во воздухот и да ја намалат загаденоста. Фотографиите од тестирање направено во вторникот покажуваат како жолтите летала распрскуваат вода и безопасен хемиски спреј.


Фото: Quartz

Службениците истакнаа дека тестирањето, во чии рамки дроновите прскале пократко од еден час, ја намалило концентрацијата на ПМ 2,5 честички во просек за 10 микрограми на кубен метар.

Не е јасно дали планот би можел да има поширока примена бидејќи е направена проба само во еден парк во Бангкок. Во другите делови на Бангкок луѓето се борат со загаденоста на малку поразличен начин - прскајќи вода од камиони.


Фото: Quartz

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот