Нова анализа покажува дека Нов Зеланд најдобро се справува со пандемијата на коронавирусот. Анализата е направена од страна на организацијата „Лау институт“ од Австралија, а во неа се оценуваат одговорите на пандемијата на речиси 100 земји.
Истражувачите правеле споредба на случаите на заразени лица со Ковид-19 во секоја земја, како и смртните случаи и бројот на направени тестови. Нов Зеланд се наоѓа на врвот, а веднаш по неа следуваат Виетнам, Тајван и Тајланд.
САД се наоѓа на 94. место на листата. Кина не се наоѓа на листата поради недостиг на податоци за тестирања.
10 земји што најдобро се справуваат со пандемијата
1. Нов Зеланд
2. Виетнам
3. Тајван
4. Тајланд
5. Кипар
6. Руанда
7. Исланд
8. Австралија
9. Летонија
10. Шри Ланка
Херв Лемахју, претставник на организацијата, заклучил дека податоците покажуваат дека помалите земји подобро се справуваат со пандемијата отколку големите. Освен тоа, авторитарните режими просечно се справувале подобро на почетокот, но не и долгорочно, додека многу демократии лошо се справиле со пандемијата на почетокот, а потоа се подобриле.
Генерално, побогатите земји подобро се справувале со пандемијата, но ова се сменило кон крајот на 2020 година.
Македонија не се наоѓа на листата, а од земјите во регионот: Грција е на 32. место, Словенија на 33., Србија се наоѓа на 51., Хрватска на 54., а Бугарија на 67.
На крајот од
листата се Бразил (98), Мексико (97) и Колумбија (96).
Автор: Стефан Џиеџиќ
Извор:
abc.net.au
Фото: Pexels