X
 28.02.2021 Живот

Умберто Еко: Ме фасцинира глупавоста затоа што е бесконечна

Умберто Еко е еден од најпознатите италијански писатели. Иако во светската јавност е познат како писател, во Италија важи и за одличен познавач на средниот век и лингвист. Во текот на животот беше и политички активен, а особено жестоки критики упатуваше кон поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Едно од неговите најпознати дела е романот „Името на розата“, како и „Нишалото на Фуко“, „Остров на претходниот ден“ и многу други.

Умберто Еко беше познат како страстен читател и огромен обожавател на Џејмс Џојс и Хорхе Луис Борхес. Неговата библиотека имала околу 50.000 книги, а за книгите често велеше дека му се најдобар пријател. Тој обожаваше да собира книги затоа што знаеше дека и непрочитаните книги имаат еднаква вредност како и прочитаните.



За жал, светот го загуби во 2016 година, иако неговото наследство што го остави преку книгите секогаш ќе нѐ потсетува на неговиот огромен талент.

- Книгата е кревко суштество кое страда од уништувањето на времето, се плаши од глодачи и тешки раце. Библиотекарот ги чува книгите не само од човештвото, туку и од природата и го посветува својот живот на војната со силите на заборавот.

- Колку мирен би бил животот без љубов! Колку безбеден, безбурен … и колку здодевен!

- Луѓето цела недела чекаат да дојде петок, цела година да дојде лето и цел живот да се среќни.

- Вистинскиот херој е секогаш херој на грешка; тој сонува да биде искрена кукавица како и сите други.

- Ме фасцинира глупавоста затоа што е бесконечна.

- Туѓата глупавост никогаш не ја намалува твојата.

- Вештината да лажеме е едно од ретките нешта што го разликуваат човекот од животните.

- Библиотеките можат да го заземат местото на Бог.

- Мислам дека една книга треба да се процени 10 години подоцна, откако ќе се прочита и потоа пак се препрочита.

- Човек кој не чита живее само еден живот. Читателот живее 5.000. Читањето е бесмртност наназад.

- Книгите не се напишани за во нив да се верува, туку за да се преиспитуваат. Кога мислиме на книга, не треба да се прашуваме за што станува збор во неа, туку што значи таа.

- Влегувањето во роман е исто како искачување на планина: морате да го научите ритамот на дишењето, да држите темпо, инаку ќе се откажете уште на почетокот.

- Ништо повеќе не му дава храброст на исплашен човек како туѓиот страв.

- Лудаците и децата секогаш ја кажуваат вистината.

- Каде на друго место? Припаѓам на изгубената генерација и удобно ми е само во друштво на другите изгубени и осамени.

- Кога човек ќе престане да верува во Бог, тоа значи дека престанал да верува во што било. Тогаш тој верува во сѐ.

Извор: Quotes.thefamouspeople.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот