X
 28.03.2019 Живот

Акција на донирање крв пред почетокот на последната сезона на „Игра на троновите“

Ликовите од една од најпопуларните серии во историјата на телевизијата - „Игра на троновите“, во текот на претходните седум сезони многу пати крвавеле во борбите за железниот трон. Глобалната иницијатива „Донирај крв за престолот“ ќе биде реализирана низ цел свет - во САД, Норвешка, Шведска, Јужна Африка, Кенија, Гана, Боцвана, Унгарија, Полска, Романија, Чешка, Бугарија, Грчка, Хрватска и Србија.

Во рамките на иницијативата „Донирај крв за тронот“ најогнените фанови ќе се соберат за со заеднички сили да придонесат за надминување на недостатоците на резерви на крв во светот. Без оглед на тоа за кој лик навивате да победи и да седне на железниот трон, и вие можете да докажете дека сте достоен херој така што ќе им помогнете на оние на кои им е најпотребно.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот