X
 07.05.2019 Живот

Ако ликовите од „Игра на троновите“ беа држави, Македонија ќе беше...

„Игра на троновите“ стана една од најпопуларните и најгледаните серии во последните години и привлече големо внимание, па веб-страницата „Винтерискаминг“ одлучи да ги поврзе 50. лика од серијата со 50 европски земји.

Јасно е дека секоја земја би сакала да добие некој од главните ликови, па така Грузијците веројатно се воодушевени што за нивен претставник е прогласен моќниот кал Дрого, а нашите соседи Србите може да се пофалат со споредбата со Арја Старк, која е еден од најважните ликови во серијата.

Споредбата доаѓа поради славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, чија вештина со рекетот може да се спореди со вештината на Арја со мечот.

Хрватска е споредена со спореден лик, Еларија Санд. Иако Еларија не беше многу присутна во серијата, таа остави голема трага. Откако ѝ го убија љубовникот, Еларија му се одмазди на семејството Ланистер убивајќи ја ќерката на Серсеј, Мирсела, но поради тоа плати со главата.

Црна Гора го доби бруталниот и алчен платеник Брон, кој е спореден со бандата „Пинк Пантер“, чии членови главно потекнуваат од Црна Гора.

Словенија е споредена со безнадежно заљубениот Џора Мормонт, кој е подготвен да направи сè за својата кралица, а за поврзаноста е заслужен градот Љубљана, кој асоцира на љубов.

Босна и Херцеговина е споредена со Теон Грејџој, кој исто како и БиХ, се карактеризира со воено страдање.

Грција е споредена со ликот на Нед Старк затоа што неговата судбина потсетува на класична грчка трагедија.

Македонија, пак, е споредена со сер Давос Сиворт. Како што вели веб-страницата, за почеток, оваа земја е дом на најдлабоката подводна пештера. Пештерата Врело е длабока 77 метри и постојано е именувана како локација што мора да се посети. Освен тоа, Македонија е дом на едно од најстарите езера, Охридското Езеро, што датира од пред 4 милиони години.

Освен целата оваа вода, Давос веројатно би бил заинтересиран за Македонија бидејќи токму тука била создадена кирилицата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот