X
 28.03.2019 Живот

Рај за велосипедистите: африканска престолнина без автомобили

Комбинација на фактори - од конфликт до дипломатска изолација - ненамерно го претвори главниот град на Еритреја во рај на велосипедизмот.

Асмара има околу 500.000 жители, но ниските плати, високите даноци за увоз и недостигот на гориво предизвикале градот да има само неколку автомобили.

Патиштата не се празни само поради малиот број автомобили. Локалните жители се жалат на големиот број млади Еритрејци што заминале во изминатите 20 години поради регионалните конфликти.

Како резултат на ваквите околности, Асмара нуди многу поинаков пејзаж во споредба со други африкански градови што се преполни со сообраќај. Ова, во комбинација со прекрасната клима, создава идеални услови за велосипедистите.

- Велосипедизмот е дел од нашата култура - вели едно 25-годишно момче.

Асмара неодамна стана светско наследство на УНЕСКО поради архитектурата и впечатливите и декоративни згради, наследство од времето кога земјата била италијанска колонија, од 1897 до 1943 година.

Низ целиот град има продавници за поправка на велосипеди. Еритреја има долга историја на независност која започнала во текот на 30-годишната војна за независност од Етиопија, по што нејзината меѓународна изолација довела до увоз на велосипеди, така што резервните делови се навистина скапи.

Еритрејците возат секакви видови велосипеди и во сите бои: планински, градски, тркачки. Млади, стари, жени, мажи, спортисти и домаќинки - се чини дека сите ја имаат прифатено „бициклетата“, збор за велосипед на локалниот јазик тигрина што е позајмен од италијанскиот.

Долго време се промовира одржливоста на животната средина од страна на владата, а ова вклучува ограничување на производството и користењето на пластика, кампањи за пошумување, заштита на зелените површини во земјата и дистрибуција на велосипеди увезени од Дубаи и Кина.

Многу Еритрејци немаат пари, па дури и ако возилата се достапни, велосипедите остануваат најприфатлив начин на транспорт. Неодамнешниот мировен договор со Етиопија во јули 2018 година резултира со отворање на границата, првпат по 20 години. Сега, евтината етиописка стока се продава низ цела земја, намалувајќи ги трошоците за живот.

Сепак, конфликтите, изолацијата и санкциите од ОН значат дека и понатаму има недостиг на многу производи. Недостатокот на гориво предизвика автомобилите и автобусите да бидат паркирани долго време, оставајќи им на луѓето да изберат меѓу пешачење или возење велосипед.

Велосипедизмот е најпопуларен спорт меѓу Еритрејците. Воведен од страна на Италијанците, конкурентниот велосипедизам е извор на гордост кај населението. Еритрејскиот национален тим, во кој се наоѓа и Мосана Дебесеј, е исклучително успешен во интернационалните трки.

Неодамнешното зближување со Етиопија им донесе надеж на многу Еритрејци дека побрзо ќе се развие економијата, што ќе го олесни секојдневниот живот во Асмара.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот