X
 28.05.2020 Наука

НАСА има нови историски договори со кои мирно и безбедно ќе се истражува во вселената

НАСА, заедно со голем број партнерски вселенски агенции од целиот свет, најавија нов пакет меѓународни договори што ќе помогнат да се управува со безбедна, мирна и просперитетна иднина на истражувањата во вселената.



Неодамна објавените „Артемис-договори“ се најновиот развој на програмата „Артемис“, преку која агенцијата вети дека ќе ја испрати првата жена и следниот маж на Месечината до 2024 година.


НАСА се надева дека овие договори ќе ѝ овозможат подобро да работи со меѓународни партнери за да спроведе и човечка мисија на Марс.

- Ова е нова ера за вселенското истражување! Денес сум почестен што можам да ги објавам „Артемис-договорите“ - напиша на „Твитер“ Џим Брајденштајн, администратор на НАСА.


Основните вредности загарантирани со договорите се проширување на Вселенскиот договор од 1967 година. Тие вклучуваат принципи дека вселенското истражување треба да се прави за мирни цели, дека САД и партнерите мораат да бидат транспарентни во нивните практики и тие треба да се обидат да изградат интероперабилни системи на информации што можат да се разменуваат и споделуваат меѓу нациите.

Програмата има за цел и да ги заштити историските места и артефактите над границите на нашата планета, на ист начин на којшто локалитетите за наследство се заштитени со закон. Ова вклучува и артефакти оставени за време на слетувањата на Месечината на програмата „Аполо“ од 1969 до 1972 година.

Извор: Good News Network
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука