X
 28.06.2017 Живот

Во времето пред интернетот секој сам си измислуваше како да се забавува

Во времето пред интернетот си имал навика да седеш во фотелјата со книгата отворена на крилото, да се ѕвериш во далечината или да ги проучуваш шарите на ѕидот – да се префрлаш натаму наваму меѓу тие два начина на постоење.

Пред интернетот понекогаш би одлучил нешто да нацрташ. Би почнал полека да правиш скица во свеста, не знаејќи што тоа на крајот ќе биде, би ја пуштил инспирацијата да те води, и потоа – оп! На цртежот би се појавил кривоглав алигатор.

Пред интернетот би ги поминал долгите летни попладниња зевајќи на едниот кауч, па потоа би станал и би преминал на другиот кауч, а потоа би одлучил да направиш лажна ФБИ легитимација. Би земал хартија од канцеларијата на татко ти, би го нацртал грбот на ФБИ, би се потпишал, би ја облепил со леплива трака, би ја ставил во новчаник, па потоја би ја извадил, повторно би ја погледал и би ја вратил назад со таинствена насмевка на лицето.

Тоа беа опојни времиња!

Пред интернетот би можел да се преселиш во друга држава и никој во новото училиште не би знаел ништо за тебе. Зад себе не би имал цела лична историја на интернет. Би можел да бидеш било кој. Би се навалил на школската касета со отсутен поглед на лицето и би допуштил на другите да замислуваат што сакаат. Дали во стариот град си се дружел со јато врани, дали си олицетворение на женственост или дали си маж.

А ако некој би посакал да открие што всушност се случило со неговиот пријател, ако би сакал да го пронајде и да напише писмо да дознае дали е вистина она што го говори...шансите за тоа се занемарливи.

Пред интернетот ако би сакал да провериш некој факт, веројатно би морал да прашаш некој постар, некој како старица која живее во вашиот подрум. А потоа би завршила гледајќи „Мост на реката Квај“, затоа што таа толку убаво те замолила што не си можел да ја одбиеш.

После десетина минути би бил жеден, би отишол во кујната по чаша вода и би стоел и би ги гледал магнетите на фрижидерот. Потоа без никаква причина би заиграл, би направил неколку чекори, би се запрашал дали би требало истиот да го доработиш, сега веднаш, таму каде што си. „Можеби ќе режирам музички спотови“, би си рекол себе си. Но не би можел веднаш да провериш што прават режисерите и како тоа се постигнува; и понатаму само би стоела во заглушувачката тишина на кујната, сам со своите мисли.

Такво беше времето пред интернетот. Секој сам си измислуваше како да се забавува.

Пишува: Emma Rathbone (The New Yorker)
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот